Ракометарите на Куманово го совладаа тимот на Македонија ЃП

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово остварија убедлива победа на денешниот меч против Македонија Ѓорче Петров, откако со 24:32 славеа на гостински терен.

Loading...

Во првите неколку минути од средбата гостинскиот состав им парираше на кумановци, но не за долго. Подоцна Куманово направи предност од пет голови и на пауза замина со 12:17.

Во вториот дел кумановци само ја зацврстија својата игра и триумфираа со 24:32.

Со 11 голови најефикасен кај Куманово беше Давид Цветковски, додека со четири погодоци мечот го завршија Јован Даневски и Марко Спасиќ.

Никола Ивановски

Leave a Reply