Опожарен семеен дом во Куманово

Сподели со своите пријатели

Семејна куќа лоцирана на улицата „Тоде Думба“ во Куманово вчера била опожарена околу 17:45 часот.

Loading...

Опожарена била едната соба на објектот, а пожарот е локализиран и завршен во 18,15 часот.Противпожарната единица делуваше со 1 противпожарно возило и 5 пожарникари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според извештајот на РУЦК, причина за избувнување на пожарот била неисправна електрична инсталација.

Никола Ивановски

Leave a Reply