Кумановската полиција изрекла 1.460 прекршочни санкции за не носење маски од почетокот на месецов заклучно до вчера, информираа денеска од СВР Куманово.
Loading...
Вкупната бројка се однесува на жителите на трите општини Куманово, Старо Нагоричане и Липково.
Од нив, соопшти полицијата, најголем број прекршочни мерки за не носење маски изречени се на подрачјето на полициска станица Куманово 1. 252 прекршочни пријави.
На подрачјето на полициското одделение Матејче биле изречени 189 пријави, а на подрачјето на полициската канцеларија Старо Нагоричане 14.