Хамилтон за скратување на викендите во Ф1: Воздухот 22 дена би бил помалку загаден

Сподели со своите пријатели

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон зборуваше за употребата на дводневен формат во етапите на Формула 1.

Loading...

Годинава, Формула 1 веќе го тестираше овој формат. Петочните тренинзи на Нирбургринг беа откажани поради лошите временски услови. Исто така и во Имола ќе има трки само во сабота и недела.

– Пократок викенд ќе ја направи Ф1 повозбудлива. Плус, дополнително 22 дена во една година, 20 автомобили ќе се тркаат на патеката и ќе го загадат воздухот и планетата, изјави шесткратниот светски шампион.

Сепак, треба да се слушне и мислењето на промоторите, бидејќи тие продаваат билети за петочни тренинг трки. Многумина не можат да си дозволат билети за целиот викенд, но имаат можност да ги гледаат Формула 1 болидите барем во петок за поевтин билет.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply