Сигурно кумановци добро ја познаваат, но пошироката јавност помалку скришно ја запознава преку социјалните медиуми на својот сопруг.
Одпрва помалку срамежлива, но кога малку ќе се доближиме комуникативна, отворена и пристапна за секого. Одлично се носи со своите животни „улоги“ пред се како пријател, наставник, мајка, но и сопруга на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, пишува порталот Женски магазин.
* Кога ќе ве запрашаат која е Надица Димитриевска, кој би бил вашиот одговор?
Надица, како и секоја модерна жена имам повеќе „капи“ кои ги носам. Растена во своето родно Куманово, својот печат го имам оставено во повеќе организации од невладиниот сектор во кои членував и делував за време на своите студии, но и по нив. Пренесувањето на знаењето и љубовта кон едукацијата ги практикував и низ волонтирањето и работата во хуманитарното здружение ,,Мајка,, од Куманово, на чии проекти работев во еманципација на жените од руралните средини, и на мултикултурни проекти со децата од македонска, албанска и ромска популација. А желбата за дружба со најмалите го надополнував и со волонтирањето и во Здружението за неформално образование „Триаголник“. Но својата доедукација ја продолжував и сеуште ја продолжувам и во текот на мојата работа.
Втората „капа“ е бракот со сопругот Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово. 20 годишен брак исполнет со љубов, почитување, слога и пред се разговор, во кои се и трите прекрасни деца Милан, Вероника, Димитар.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.