Во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп.
Loading...
На средбата, соопштија од МВР, била потенцирана соработката меѓу двете земји во борбата против тероризмот и активностите за дерадикализација на борци повратници од странските боишта.
-Посебен акцент беше ставен на важноста од продлабочување на соработката на полето на борбата против компјутерскиот криминал, во кое Кралството Холандија е лидер во светот и претставува репер за успешна борба против овој вид на криминал, кој претставува современа глобална закана, се наведува во соопштението од МВР.
Цветанка Миновска