Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со aмбасадорот на Романија во заминување во нашата земја, Виорел Станила.
На средбата биле потврдени пријателските односи и поддршката што Романија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во процесот на интеграција во Европската Унија, како и по однос на членството во НАТО, но и во делот на меѓусебната поддршка при справувањето со пандемијата од „Ковид-19“.
Соговорниците, како што сооштуваат од МВР, размениле мислења за натамошниот развој на билатералните односи меѓу двете земји, при што ги потенцираа можностите за интензивирање на соработката, особено во доменот на работа на министерствата за внатрешни работи, изразувајќи надеж за продлабочување на партнерството и во наредниот период.
Фатиме Фазлији