Соба во семеен дом во Куманово вчера била опожарена во населбата Карпош на улицата „111“.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, околу 16:50 часот експлодирала плинска боца во семејниот дом.
– Зафатена била само собата на куќата кај што била плинската боца, велат од РУЦК.
На терен веднаш излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило и огнот бил локализиран и завршен во 17:50 часот.
Нема повредени при експлозијата на боцата, но причинета е материјална штета чија висина допрва ќе се утврдува.
Никола Ивановски