СЗО: Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 36 милиони

Сподели со своите пријатели

Вкупниот број на заразени со коронавирус во светот надмина 36 милиони лица, откако во изминатите 24 часа се потврдени 338.779 нови случаи, соопшти Светската здравствена организација.

Loading...

Бројот на смртни случаи од последици на Ковид-19 е зголемен за 5.514 и достигна речиси 1,05 милиони луѓе.

Според последните податоци на СЗО, вкупниот број на заболени од Ковид-19 во светот изнесува 36.002.827, а починати се 1.049.810 пациенти.

Најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот се Јужна и Северна Америка, каде во последните 24 часа се потврдени 112.715 нови инфицирани случаи и 2.785 смртни случаи.

На второ место се наоѓа Европа, каде со Ковид-19 се заразени нови 96.996 лица, а починале 944 луѓе.

Потоа следува Азија со 89.674 нови случаи на коронавирус, од чии последици починале уште 1.158 пациенти.

Најголем број случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата се потврдени во САД (7.419.230), Индија (6.835.655), Бразил (4.969.141), Русија (1.260.112), Колумбија (869.808), Шпанија (835.901), Перу (832.468), Аргентина (824.468), Мексико (769.558) и Јужна Афика (683.242), соопшти СЗО.

Габриела Точко

Loading...

Leave a Reply