Американски судија му нареди на Иран да плати околу 1,23 милијарди евра (1,45 милијарди долари) на семејството на поранешен агент на ФБИ за кој се верува дека бил киднапиран од иранските власти за време на неовластена мисија на ЦИА на островот Киш.
Семејството на Роберт Левинсон и американската Влада веруваат дека поранешниот агент починал додека бил во притвор во Иран.
Иран веќе долго време ги негира овие обвиненија, иако официјални лица од оваа земја повремено даваат контрадикторни објаснувања за тоа што му се случило на агентот на островот Киш.
Американскиот окружен суд во Вашингтон донесе пресуда според која Иран е должен да плати околу 1,23 милијарди евра на семејството на Левинсон на име на отштета за неговото киднапирање,
Судијата рече дека Иран го држел во заробеништво поранешниот специјален агент на ФБИ и ДЕА и го мачел цели 13 години, нагласувајќи дека властите на оваа земја сè уште одбиваат да прифатат одговорност за ова дело.
Ирански официјални лица и државните медиуми не ја коментираа пресудата на американскиот суд, во кој Иран немаше одбрана.
Јасмина Тасевска