Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле се согласи да се пресели во Манчестер јунајтед и веќе ги договори своите лични услови со „црвените ѓаволи“. Денес напладне, новинарот на „РМЦ“, Мохамед Боухафси, објави дека Французинот не сака да оди на „Олд Трафорд“. Подоцна, сепак, „Сан“ излезе со понови вести, според кои Дембеле бил наклонет кон оваа промена.
Сепак, двата клуба допрва треба да ги договорат условите, а времето до затворање на прозорецот станува сè пократко. Според „Индипендент“, и Барселона и Дембеле сакаат постојан трансфер, додека понудата на Јунајтед е само за изнајмување до крајот на сезоната.
Клубот од „Олд Трафорд“ треба во секој момент да ги финализира трансферите на Единсон Кавани и Алекс Телеш.
Влатче Зорба