Турскиот фудбалски клуб Бешикташ преговара со напаѓачите Александре Пато и Марио Балотели.
Loading...
Услугите на Пато кон клубот од Истанбул ги понудија неговите агенти, додека Балотели продолжи со преговорите што започнаа порано, објави на Твитер новинарот Николо Скира.
Во моментов, 30-годишниот Балотели е играч на Бреша, но клубот јасно стави до знаење дека напаѓачот повеќе нема да игра за овој тим.
Што се однесува до 31-годишниот Пато, тој е во статус на слободен агент откако го напушти Сао Паоло во август.
Зоран Стерјовски