Американскиот потпретседател, Мајк Пенс и неговата сопруга Карен по трет пат имаат негативни тестови за коронавирус, откако Доналд Трамп соопшти дека тој и неговата сопруга Меланија се заразени со Ковид-19, јави Би-Би-Си.
Потпретседателот и натаму е активен и учестува во настани од предизборната кампања. Но, овие негови активности се во спротивност со препораките за карантин, издадени од американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Според нив, секој што бил изложен на заразено лице треба да се изолира 14 дена.
Потпретседателот Пенс во вторникот бил во контакт со претседателот Трамп во Белата куќа, кога американскиот претседател можеби веќе бил заразен.
Пенс задутре, на 7 октомври, во Солк Лејк Сити треба да дебатира со Камала Харис, кандидатот на демократите за потпретседател на САД.
Сашко Димевски