Кризата со коронавирус предизвика економско цунами кое веќе влијае на фудбалот. Со неодамнешните настани во Мадрид и заострувањето на мерките и на други места во Шпанија, враќањето на гледачите на натпреварите дополнително забави. И ова е огромен удар за поголемите клубови, вклучително и Реал Мадрид.
Мадрид проценува дека ќе изгубат 195 милиони евра приход ако навивачите не бидат пуштени на „Бернабеу“ за остатокот од сезоната – сценарио што се чини веројатно ако не се пронајде безбедна вакцина или ефикасен третман за коронавирус.
Реал Мадрид има три главни извори на приход – пари од правата за телевизиско емитување, нивните спонзори и билети. Тие имаат буџет од 822 милиони евра, од кои приближно 625 милиони доаѓаат од телевизиски и спонзорски договори. Но, неможноста да се игра пред публика ќе остави недостаток од скоро 200 милиони. Сепак, благодарение на планот за криза со кој клубот излезе да ја помине економската бура, клубот успеа да објави профит од 318 милиони евра за сезоната 2019-20. Ова само по себе е успешна приказна, со оглед на тешкотиите со кои се соочуваат фудбалските клубови во една од најтешките сезони во последно време.
Првиот тим му заштеди на клубот 50 милиони евра прифаќајќи 10% намалување на платата покрај уште 25 милиони, откажувајќи се од бонусите поради успехот во минатата сезона. Мадрид успеа да направи уште една голема заштеда откако и директорите и менаџерите на клубовите ги намалија платите. Кон ова беа додадени и бројните трансфери и кредитни трансакции, кои служеа за зголемување на приходите и намалување на трошоците. Досега, Реал Мадрид донел 100,2 милиони евра преку трансфери на свои играчи.
Ситуацијата е повеќе или помалку иста или полоша за другите најдобри европски клубови. Помалите клубови се подобро подготвени да се спротивстават, бидејќи тие обично се во состојба да ги покријат трошоците за плата со заработени пари само од радиодифузни права. За поголемите клубови, ова не е доволно и тие исто така се потпираат на приходите од сезонските билети, картите и маркетингот – пари што ќе ги пропуштат ако стадионите останат затворени.
Во англиската Премиер лига, од најдобрите 20 клуба, шест се близу до загуби, а 14 не се во најздрава финансиска состојба. Во Шпанија, на Реал Мадрид му оди добро, Атлетико се мачи само малку повеќе од нивните соседи, додека финансиите на Барса се причина за загриженост. Другите клубови исто така ќе се соочат со тешкотии доколку состојбата со коронавирусот не се подобри.
Влатче Зорба