Ален Роберт, попознат под прекарот „француски спајдермен“, се одлучи овие денови за уште една луда акција.
Loading...
Тој бил забележан како се качува на 32-катна зграда во Франкфурт, Германија. Како и многу пати претходно, без никаква заштитна опрема или безбедносни јажиња.
Сепак, тој беше облечен во сребрено одело и каубојски чизми. Единствено што направија за неговата „безбедност“ беше да ги затворат околните улици, а амбулантата беше во готовност.