Белорусија ги повлече своите амбасадори од Полска и Летонија

Сподели со своите пријатели

Белорусија ги отповика своите амбасадори од Полска и Летонија и побара од двете земји значително да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск.

Loading...

Ова денеска го соопшти агенцијата Белта, повикувајќи се на белоруското Министерство за надворешни работи. Побарано е вработените да се намалат на 18 од 50 и од 25 на 14.

Белоруското Министерство за надворешни работи на крајот на септември соопшти дека ќе воведе санкции против околу 300 претставници на балтичките држави – Естонија, Летонија и Литванија, како одмазда за воведувањето забрана за патување на голем број белоруски функционери.

Белоруската Влада, во меѓувреме, објави дека ги укина акредитациите за сите странски новинари во земјата и оти тие мораат повторно да аплицираат за акредитација.

Литванија и Полска нема да го намалат бројот на дипломати во Минск

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Ликевичиус изјави дека ниту Литванија ниту Полска немаат намера да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск.

– Ние нема да ги повикаме нашите амбасадори на консултации и дефинитивно нема да сториме ништо за да го намалиме бројот на персоналот, рече Ликевичиус пред новинари во Вилнус.

– Доколку советот од Минск стане барање, тогаш ќе преземеме соодветни мерки, додаде шефот на литванската дипломатија.

Белорусија претходно ги отповика своите амбасадори од Полска и Летонија и побара од двете земји значително да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск.

Loading...

Белоруското Министерство за надворешни работи побарало вработените да се намалат на 18 од 50 и од 25 на 14.

Leave a Reply