Потврдени 114 случаи на Ковид-19 во фабрика за конзервирање во Грција

Сподели со своите пријатели

Фабрика за конзервирање во Пела, во северниот дел на Грција ќе биде десет дена затворена, откако беа потврдени 114 позитивни случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Loading...

По спроведените контроли и по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, а во согласност со Националната организација за јавно здравје, фабриката од денеска е целосно затворена.

Генералниот секретар за цивилна заштита итно замина за Пела каде што попладнево ќе одржи состанок со локалните власти на која ќе разговараат за справување со ситуација и за спречување на дополнително ширење на коронавирусот.

Позитивни случаи на Ковид-19, вчера беа потврдени и во атинска државна болница, односно кај вработени на Клиниката за торакална хирургија, а просториите беа дезинфицирани.

Заразени со коронавирусот се пет лица, тројца лекари и двајца болничари, додека пак направени се тестови и на останатите 38 вработени.

Резултатите на 22 од нив се негативни, а во текот на денот се очекуваат резултатите и за останатите 16 лица.

Leave a Reply