ЕУ минатата година увезла над три милиони тони кафе

Сподели со своите пријатели

Членките на Европската унија (ЕУ) минатата година увезле три милиони тони кафе во вредност од 7,5 милијарди евра, се вели во извештајот на Евростат.

Loading...

Во извештајот се наведува дека увозот на кафе во 27-те земји-членки на ЕУ во 2019 година се зголемил за 14 проценти во споредба со увозот од пред десет години.

Сите уживате во пијалакот, но дали ја знаете историјата на турското кафе?

Најмногу кафе во ЕУ е увезено од Бразил (932.000 тони), следува од Виетнам (673.000 тони), Хондурас (221.000 тони), Колумбија (166.000 тони), Уганда (145.000 тони) и Индија (137.000 тони).

Германија лани увезла најмногу кафе меѓу членките на ЕУ (1,1 милиони тони), по што следат Италија, Белгија, Шпанија и Франција.

Дали сте слушнале за „bulletproof“ кафе? Еве зошто луѓето од шоу бизнисот го обожаваат!

Во исто време, членките на ЕУ минатата година произвеле 1,8 милиони тони печено кафе во вредност од 10 милијарди евра, а повеќето беа произведени во Германија, Италија и Шпанија.

Leave a Reply