Брачен пар од Феникс неодамна доживеал прилично непријатно изненадување кога пронашле змија – тексашка ѕверчак под креветот во спалната соба.
Американската компанија задолжена за отстранување змии „Rattlesnake Solutions“ добила итен повик од исплашен пар да се справи со отровниот рептил.
Змија наместо заштитна маска во автобус (ВИДЕО)
Според нивните експерти, тие обично наоѓаат ноќни змии во куќата кога добиваат слични повици, но овој пат не било така.
Како што е наведено, најголемиот број на каснувања од змија на американскиот југозапад се должи на змијата тексашка ѕвечарка.
https://www.facebook.com/snakeremoval/photos/a.136026999774823/3443383725705784/?type=3
КОШМАР: Го каснала змија додека седел на ВЦ школката (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
За среќа, професионалните фаќачи на змии лесно се справиле со непоканетиот гостин и му откриле на исплашениот пар како змијата се појавила под нивниот кревет.
Се испоставило дека двајцата излегле на терасата да пушат цигара, но ја оставиле вратата подотворена.
Експерт за отстранување змијата додава дека вакви инциденти се релативно ретки.
Од над 10.000 интервенции извршени од неговата компанија, можеби само во околу стотина случаи била пронајдена змија ѕвечарка во куќата, а особено во куќата во која живее некој.
Лекари од грлото ѝ извадија змија, влегла внатре додека таа спиела (ВИДЕО)
Најдобрата заштита од повторување на нешто слично, како што советува компанијата, е да ја задржите вратата затворена.