Куманово дел од мрежата на силни градови во рамките на Генералното собрание на ООН

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вчера учествуваше на онлајн конференција која се одржа по повод пет години од формирањето на Мрежата на силни градови во рамките на Генералното собрание на ООН, објави Димитриевски. На конференцијата учествувале претставници-членки на Мрежата од повеќе држави во светот.

Loading...

 

 

– Пред започнување на манифестацијата заедно со нашите партнери потпишавме Повик за поддршка на заедниците за справување со омразата, поларизација и екстремизам, и справување и дезинформации поврзани во Ковид 19. Во моето обраќање ги презентирав досегашните активности, кои општината ги има преземено во поглед на превенција и спречување на насилниот екстремизам, како и предизвиците и проблемите, со кои се соочуваме. Ги претставив активностите, кои ќе бидат преземени, соработката со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, соработка со други организации и институции и на кој начин да се спротивставиме и заеднички да ги спречиме овие појави во општеството-пишува Димитриевски.

 

 

Loading...

Општина Куманово е дел од Мрежата на силни градови од 2017 година, која е глобална мрежа на градоначалници, креатори на политики на општинско ниво и практичари обединети во градењето на социјална кохезија и отпорност на заедницата за борба против насилниот екстремизам во сите негови форми.

 

 

– Голема благодарност до Мрежата на силни градови (SCN), Институт за стратешки дијалог (ISD) за досегашната соработка и поддршка која ни ја даваат како и на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и Стејт департментот- напиша Димитриевски

Leave a Reply