Времето денеска претпладне во државата ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува.
Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе биде околу 8 степени, а максималната дневна ќе достигне 18.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури.
За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло, додаваат од УХМР.
Никола Ивановски