Воените атешеа во земјава ја посетија Општина Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Седумнаесет воени атешеа од дипломатско-конзуларните претставништа во Македонија заедно со претставници на Армијата на Република Северна Македонија денеска ја посетија Општина Куманово, при што остварија средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Атешеата, како што информираше градоначалникот, се организирани во Асоцијација на одбрани на дипломатско-конзуларните претставништа и за прв пат се во посета на градот.

 

 

Loading...

– Разговаравме на повеќе теми. Една од актуелните секако е и ковид кризата, како општината се справува и како одат понатамошните постпаки, кои се плановите. Разговаравме и за историјата на градот, нашето искуство во делот на соработка со Армијата, цивилно-воената соработка и уште еднаш можам да потенцирам дека таа соработка е на највисоко можно ниво, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Претходно воените атешеа оставариле посета на Здружено оперативната команда сместена во кумановската касарна „Боро Менков“.

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply