Атлантскиот океан оваа година доживеа толку многу бури што метеоролозите останаа без имиња за нови, објави Светската метеоролошка организација (WMO) во вторникот.
Ова е втор пат да се исцрпи списокот на можни имиња, изјави за новинарите во Женева, портпаролката на WMO, Клер Нулис.
На првите 21 циклони од секоја сезона им се даваат западни имиња почнувајќи со А и завршувајќи сè до W., според списокот подготвен од WMO пред почетокот на сезоната, што обично трае од јуни до ноември.
Q, U, X, Y и Z не се користат затоа што е тешко да се најдат добро познати имиња кои започнуваат со овие букви.
Бидејќи сега списокот е искористен, метеоролозите се свртуваат кон буквите од грчката азбука, рече Нулис.
„2020 година е исклучителна година “, рече таа, потсетувајќи на големиот број урагани во Атлантикот.
Субтропска бура што ја зафати Португалија за време на викендот го доби името Алфа, а тропската бура Бета го погоди Тексас претходно оваа недела проследена со силен дожд.