Месецов казнети над 800 кумановци за неносење маска, 339 лица во изолација

Сподели со своите пријатели

Над 800 казни напишала кумановската полиција поради неносење маски од почетокот на овој месец.

– Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на Полициска станица од општа надлежност Куманово во период од 01.09-21.09.2020 година регистрирани се вкупно 846 прекршоци, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Првата недела од месец септември биле регистрирани 65 прекршоци; од 08.09-15.09.2020 година регистрирани биле 325 прекршоци, додека најголем дел од напишаните казни за неносење заштитна маска биле напишани во текот на изминатата недела, односно во период од 15.09-21.09.2020 година, вкупно 456.

Како што додаваат од кумановската полиција, на подрачјето на ПС од ОН Куманово во моментот евидираат 339 лица со решение за изолација.

Никола Ивановски

Leave a Reply