Од Инфективното одделение во болницата во Струмица утринава бил украден починат пациент.
Loading...
Четириесет и деветгодишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност и починал за кусо време.
Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома.
На починатиот пациент не стигнале да му направат тест за Ковид-19, пишува порталот СДК.мк.