Од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за два, а дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 ден/кг.