Руската вселенска агенција „Роскосмос“ смета дека Калисто, вториот по големина природен сателит на Јупитер, е можно место за живеење на луѓето.
Ова го рече Александар Блошенко, директор за долгорочни програми на „Роскосмос“.
– Кога станува збор за местата што се најдобри за колонизација, Калисто е трето најдобаро, по Месечината и Марс – рече Блошенко, пренесува Раша Тудеј.
Вниманието на „Роскосмос“ особено го привлече големата ледена површина на природниот сателит на Јупитер, која би можела да крие подземен океан со течна вода.
Покрај тоа, сеизмичката активност на сателитот на Јупитер значи дека Калисто мора да има топло централно јадро.
Го открил Галилео Галилеј во 1610 година, а Калисто долго време се сметал за можно место за идно живеење на луѓето.
Поради ниското ниво на зрачење и стабилност, се верува дека еден ден тоа би можело да биде основа за понатамошни истражувања во Сончевиот систем.
Европската вселенска агенција планира да испрати „JUICE’s Explorer of Ice Satellites“ („JUICE“) во 2022 година, за да проучи три небесни тела за кои се претпоставува дека може да бидат населиви.
Ќе бидат потребни повеќе од седум години за оваа мисија да стигне до Јупитер.
Претходно оваа недела, директорот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, објави дека вселенската агенција планира да испрати сонди на Венера, нарекувајќи ја „Руска планета“.