Викенд временска прогноза за Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Времето денеска на подрачјето на државата ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 27 степени.

Утре ќе имаме слично време со послаби налети на ветерот, а температурата повторно ќе достигне максимум од 27 степени.

Недела носи разведрување со што не очекува сончево и топло време со максимум од 27 степени. Сепак се очекува пад кај утринската температура која ќе изнесува само девет.

Никола Ивановски

Leave a Reply