Љубителите на текила сега не само што можат да го пијат својот омилен пијалак од самиот извор, туку можат да го поминат и времето во буриња.
Ова е овозможено од хотелот де Барикас, што буквално значи „хотел со буриња“. Сместено е во дестилерија која произведува 15.000 литри текила секој ден.
https://www.instagram.com/p/CE6viBjMmeM/?utm_source=ig_embed
Уникатната локација се наоѓа во околината на градот Текиле, од каде потекнува споменатиот пијалак.
Хотелот е составен од 30 големи буриња претворени во соби, а има и четири стандардни Silver king соби.
https://www.instagram.com/p/CFNsWreh0a9/
Од хотелот велат дека текилата може да се „вдише, вкуси и почувствува“ на ова место.
https://www.instagram.com/p/CFM5cqsMUQa/?utm_source=ig_embed
Иако овие буриња не изгледаат посебно однадвор, внатрешноста сепак е луксузна. Секое буре располага со ТВ и клима уред, плакари, мини бар, па дури и џакузи во една од собите.
Цените се движат од 160 евра па нагоре.
https://www.instagram.com/p/CFNPcdCh5VQ/
Во близина на хотелот се наоѓа импресивна дестилерија, каде што гостите можат да пробаат текила, а има и подземен ресторан лоциран на 4,5 метри под земјата каде се служат традиционални мексикански јадења со различни коктели базирани на текила.