Ќе се кратат парите за пругата Куманово – Бељаковце

Сподели со своите пријатели

Изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце е прекината и тоа е причина за слабата реализација на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски, рече на денешната прес конференција министерот Благој Бочварски.

„Направив првично скенирање на состојбите. Потфрлањата се на железничкиот Коридор 8, односно пругата Куманово-Бељаковце пруга. Но, има висока реализација кај станбените згради и гасификацијата. Ќе се отстранат сите изместувања на трасата и реализацијата кај двата крака од гасификацијата брзо ќе продолжат“, рече Бочварски.

Ребалансот на буџетот ќе ги скрати средствата за пругата Куманово – Бељаковце, најави министерот Бочварски, ос оглед дека кај Коридорот 8 има најамала реализација.

„Тука има застој, дел од средствата не се реализирани. Таму имаме проблем со изведувачот, пред да дојдам во Министерството за транспорт имаш испратено допис со кој изведувачот бара раскинување на договорот и случајот ќе оди на арбитража“, рече Бочварски.

Повеќе детали за кратењето на средствата и проектот министерот најави за крајот на овој месец.

Инаку, пругата која требаше да биде завршена следната година, нема да се изгради, откако изведувачот на градежнтие работи „Вибе“ си ги спакува куферите и преку ноќ замина, со тоа оставајќи ги и работниците без плати, и пругата недовршена.

Министерството за транспорт и врски случајот го има дадено на арбитража, додека пак Општина Куманово најави тужба поради пробивање на сите рокови за изградба на надвозникот на влезот во населбата Перо Чичо, каде со средства на локалната самоуправа мораше да биде поставен нов асфалт за да се стави крај на едногодишниот времен режим на сообраќајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply