Истражување: Викинзите не биле само Скандинавци, имале и гени од Азија

Сподели со своите пријатели

Секвенционирањето на остатоците од ДНК на Викинзите покажува дека можеби не биле сите Скандинавци, покажуваат резултатите од студијата објавена во средата во списанието „Nature“.

Loading...

Мултинационален тим предводен од универзитетите во Кембриџ и Копенхаген анализирал 442 скелети на Викинзи, односно Нормани закопани низ Европа и Гренланд и откриле дека „идентитетот на Викинзите не бил ограничен на лица со скандинавски гени“.

Шефот на истражувањето Еске Вилерсли вели дека анализата сугерира „значителен генетски увоз“ во Скандинавија од јужна Европа и Азија на почетокот на периодот на Викинзите поврзан со 793 година и норманската инвазија на манастир во Линдифарн на северниот брег на Велика Британија.

Во текот на следните три века, „скандинавската дијаспора“ воспоставила трговски локации и градови „од американскиот континент до азиските степи“.

 

 

На таа огромна област, Викинзите „ширеле идеи, технологии, јазик, верувања и вештини“, вели Сорен Синдбек, археолог во музејот Моесгард во Данска.

Loading...

Викинзите, кои извршиле сурови напади низ цела Западна Европа и тргувале со робови во денешна Русија и на Блискиот исток, го основале Даблин, ирската престолнина, го дале своето име на Француска Нормандија и помогнале во воспоставувањето на Киевска Русија, понекогаш сметана за прва руска држава, кон крајот на 9 век.

Ваквите достигнувања може да предизвикаат воодушевување и имитирање, иако викиншката безмилост влевала страв низ цела Европа.

Според научниците, скелетите во Шкотска „закопани со мечеви и други викиншки симболи“ не покажуваат знаци на „мешање на гените со Скандинавците“ и ова покажува „поинаква страна на односот од грабежите и разорувањата на Викинзите“.

Leave a Reply