Иднина на војувањето: Американски војници изведоа вежба со кучиња роботи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Излегувајќи од авион на американското воено воздухопловство, четириножни роботски кучиња притрчаа на аеродром во пустината Мохаве и покажаа како може да изгледа војувањето во иднина.

Loading...

Вештачките кучиња беа дел од вистинска воена вежба, иако за многумина ќе изгледа како епизода на Black Mirror.

Вежбата, извршена минатата недела, е еден од најголемите експерименти со високотехнологија во американската војска, а во неа беа вклучени сите гранки на војската, како што се крајбрежната стража, десетици индустриски тимови и слично.

Според военото соопштение, роботските кучиња биле испратени од авионот за да ги препознаат заканите пред луѓето да бидат изложени на нив. Тие се само една алка во она што американската војска го нарекува напреден систем за управување со битки.

Роботите користат вештачка интелигенција и брза анализа на податоци за откривање и борба против заканите за американскиот воен имот во вселената и можните напади врз татковината на САД со ракети и други средства.

Помошникот секретар на военото воздухопловство Вил Ропер рече дека војниците во иднина ќе наидат на огромно количество податоци за проценка на опасност.

„Проценувањето на податоците како основен воен ресурс, што не е помалку важно од горивото на авиони или сателитите, е клучот за војувањето на следната генерација“, рече Ропер во изјавата.

 

Loading...

Leave a Reply