Уништен најпознатиот телескоп за барање вонземјани (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Опсерваторијата Аресибо – огромен телескоп во Порторико, познат по скенирањето на космосот во потрага по астероиди и вонземски живот – беше затворен оваа недела по катастрофалната несреќа во која беа оштетени рефлекторните плочи на телескопот.

Loading...

Во понеделникот, на 10 август, околу 2,45 часот по локално време, металниот кабел на централата напукнал, минувајќи низ делови од радарот и правејќи отвор долг 30 метри, се вели во соопштението на Универзитетот во Централна Флорида.

Кабелот, исто така, закачил неколку други кабли и платформи што ја држат плочата, предизвикувајќи пад на отпадот на земја и на техничарите им го отежнал пристапот.

„Имаме тим експерти што ја проценуваат ситуацијата“, рече директорот на Опсерваторијата Франциско Кордова.

„Нашиот фокус е да обезбедиме безбедност на нашиот персонал, да ги заштитиме објектите и опремата и да го вратиме објектот во целосна операција што е можно поскоро за да може да им помогне на научниците ширум светот“, рече тој во изјавата.

Сè уште не е јасно што точно се случило, па истрагата е во тек.

Аресибо започна со работа во 1963 година од дното на природната пештера во Порторико. Во времето на неговото завршување, тој беше најголемиот телескоп со една плоча во светот и се протегаше во дијаметар од 305 метри.

Иако можеби не го знаете телескопот по име, вие го знаете „од видување“ благодарение на филмот „Контакт“ од 1997 година. Главниот лик на тој филм е астроном кој работи во Аресибо и се надева дека ќе го воспостави својот прв контакт со вонземска интелигенција.

Loading...

Иако сè уште ги чекаме тие епски СМС-пораки од вонземјаните, Аресибо играше централна улога во потрагата по вонземски интелигенција (СЕТИ) во 1970-тите. Во 1974 година, астрономите го користеа овој радио телескоп за да пренесат бинарен код на густо соѕвездие одалечено 25.000 светлосни години, надевајќи се дека пораката може да ја добие друга технолошки напредна цивилизација.

Експериментите на СЕТИ останаа клучен дел од агендата на опсерваторијата – како и планетарната одбрана. Но, Аресибо се опоравувал од штетата и претходно, вклучувајќи ги земјотресите и ураганот Марија, и оваа несреќа, се надеваме, нема да биде исклучок.

Сепак, би било страшно вонземјаните конечно да одговорат на нашиот повик токму сега.

 

Leave a Reply