Како ретроградниот Марс ќе влијае на љубовниот живот на хороскопските знаци?

Сподели со своите пријатели

Септември со себе носи многу астролошки транзити. Меѓу нив е ретрограден Марс, кој се смета за еден од најважните настани на небото во 2020 година.

Loading...

Покрај влијанието врз нашите животни одлуки, кои се однесуваат на иднината, кариерата и пријателството, ретроградниот Марс во голема мера ќе влијае и на емотивните врски.

Подолу откриваме какви промени на љубовно поле ве очекуваат за време на овој транзит, кој трае до 13 ноември.

Овен

 

 

Овни, држете се! Во овој период, може да помислите дека воопшто немате среќа во љубовта. Мора да бидете свесни дека ефектите од ретрограден Марс сега се најинтензивни затоа што тој е ваш владетел. Грижете се за што вложувате енергија, бидејќи Марс ќе ви помогне да го насочите.

Loading...

Бик

 

 

Ретрограден Марс се наоѓа во вашата 12-та куќа на тајните и потсвеста, така што на моменти може да почувствувате дека сте го изгубиле допирот со реалноста. Вашиот љубовен живот може да изгледа прилично нереален, па затоа е важно да обрнете внимание на сите детали од врската. Набудувајте ги работите како што се.

Близнаци

 

Loading...

 

Претераната себичност не е секогаш добра работа. Марс се движи ретроградно низ вашата 11-та куќа, што е поврзано со пријателството и целта на вашето постоење, што значи дека веројатно ќе имате потреба од партнер или близок круг на пријатели да ја потврдите вашата вредност.

Рак

 

 

И покрај вашата длабока желба да го одржувате вашиот љубовен живот во хармонија, ретроградниот Марс што се движи низ вашата 10-та куќа во кариерата, ќе ја насочи вашата енергија кон вашите професионални цели. Одржувајте рамнотежа помеѓу деловниот и емотивниот живот, за да можете истовремено да се фокусирате на двете сфери.

Лав

Loading...

 

 

Лавови, не губете фокус. Бидете присутни во сегашниот момент и размислете повеќе за потребите на вашиот партнер, особено затоа што Марс е ретрограден низ вашата 9-та куќа што има врска со еволуцијата. Иако е одлично време да размислите за целите во вашата врска, бидете свесни дека љубовта бара двајца. Затоа, обрнете внимание на вашиот партнер.

Девица

 

Loading...

 

Не бидете срамежливи и слободно покажете ги своите емоции. Во комбинација со неодамнешните флертувања и освојувања, ретроградниот Марс ќе ја активира вашата 8-ма куќа во однос на блиските контакти и вашите очекувања во врската и ќе ве предизвика да се поврзете со вашето внатрешно битие. Давате и давате, но за возврат не добивате ништо? Размислете зошто се случува ова.

Вага

 

Loading...

 

Секогаш има простор за развој. Со ретрограден Марс во вашата 7-ма куќа, што е поврзано со врски, преговори и меѓучовечки односи, конечно се чувствувате доволно сигурни за да ги искажете вашите лични потреби. Не се откажувајте од своите желби и препуштете се на емоциите.

Скорпија

 

Loading...

 

Иако Марс е ретрограден низ вашата 6-та куќа во однос на одговорноста во вашите дневни навики, ќе имате желба да направите нови промени. Ќе заборавите на стандардната рутина и ќе имате уште повеќе секс.

Стрелец

 

Loading...

 

Не се вознемирувајте за работи за кои не сте одговорни. Со ретрограден Марс во вашата 5-та куќа што има врска со љубов, креативност и заведување, за време на транзитот на оваа планета може да почувствувате недостаток на мотивација што ќе се одрази на вашиот емотивен живот. Направете чекор назад и подобро проценете ја ситуацијата.

Јарец

 

Loading...

 

Фокусирајте се на вашиот внатрешен свет. Марс е ретрограден во вашата 4-та куќа, семејните и емотивните односи, што значи дека ќе се чувствувате позатворено од кога било. Пронајдете излез од оваа ситуација и соочете се со потиснати емоции и гнев, дури и ако тоа значи да поминете убава ноќ со личност која ви се допаѓа.

Водолија

 

 

Не ги потиснувајте вашите чувства. Марс е ретрограден во вашата 3-та куќа на комуникација, така лесно ќе влезете во конфликти, а проблемот лежи во фактот што ви е тешко да го искажете она што мислите и чувствувате. Дали сте доволно комуникативни? Нема ништо лошо во признавањето на партнерот дека не сте расположени. Прашајте и ќе добиете.

Риби

 

 

Можете да имате сè што можете да замислите. Со ретрограден Марс во вашата 2-та куќа што се однесува на удобност, вредности и уникатни таленти, ќе треба да размислите за вашите финансии, односно за работите на кои трошите пари, а исто така ќе се прашувате дали го добивате она што мислите дека го заслужувате. Дали се чувствувате духовно, емотивно и сексуално задоволни? Размисли за тоа.

Leave a Reply