По неколку објавени мелодрами, каде што младиот поет од Куманово Филип Петровски ни ја откри својата романтична страна, сега ни приреди нешто ново. Со нас одлучи да сподели кратки афоризми и поговорки кои се плод на неговиот внатрешен душевен свет.
Благосостојба, исполнетост, среќа, мудрост, ова се само дел од “чувствата” кои се насетуваат во неговите реченици.
Скромноста е среќа, а пак среќата знае да бидне раскошна.
Во водата се кријат фреквенции од нултивноста на мислите – почетокот.
Бадијала само ако си мислиме и си кажуваме самите на себе, а притоа не делуваме.
Понекогаш и никогаш е некогаш, исто како што и некогаш понекогаш е никогаш.
Креирај го посакувањето на местото каде што “самото се случува” – не каде што веќе се случило.
Дистанцата и далечината се гледаат од идно време, така има придобивки.
Вo момент кога сме педагошки субјект и се нервираме за неуспешен обид;
во тие моменти подсвесно ја примаме смиреноста на учителот.
Времето не постои, само интелегентна селективност на душевни потреби.
“Слатко” e кога некој се лути на тебе, не е слатко кога некој се лути себе си, во врска со тебе.
Никогаш не сме уморни за она што сакаме да го направиме и никогаш не сме одморени
за она што не сакаме да го направиме.
Тој што не е морален, не е нормален,
тој што е мудар, можеби не е паметен
Тој што е паметен, можеби не е среќен,
Тој што не го жртвува сопственото “јас”, никогаш нема да има повеќе од него.
Но оној кој го почитува нештото кое го поседува, ќе ги ужива сите овие особини
– обострано, а тој што љуби и е љубен, има се`.
Првин се лажеме себеси, пред да ја кажеме лагата на другите.
Како што крајот го краси делото, почетокот ја прави содржината.
Кога луѓето го немаат тоа што го сакаат, прават и тоа што на самите себе не им се допаѓа.
Енергија е чиста свест, само во сегашниот момент на постоењето.