Неколку локации во Куманово утре привремено ќе бидат без електрична енергија.
Како што информриаат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во период од 08:00 до 11:00 часот ќе има на дел од булеварот „Октомвриска револуција“, односно зградите околу „Мај маркет“.
Во период од 11:00 до 14:30 часот утре без електрична енергија ќе биде дел од населбата Вера Которка (Индустриска зона и околни објекти).
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
Никола Ивановски

