Терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во Куманово, информираат надлежните. Шестата дезинсекција е предвидено да почне по полноќ.
– Доколку временските услови не го дозволат вршењето на овој третман, дезинсекцијата ќе се изврши првиот ден кога временските услови ќе бидат поволни, наведуваат надлежните во соопштението.
Дезинсекцијата се спроведува по претходно подготвен план за динамиката на активностите, техничка спецификација, а ќе бидат опфатени 200 хектари површина на повеќе локации во градот.
Од одделението за јавни набавки, претходно информираа дека за дезинсекција против крлежи, дератизација против глувци, ларвициден третман и тереситичка дезинсекција за оваа година одвоени се милион и 180 илјади денари со вклучен ДДВ. Третманите по четирите ставки се спроведуваат во неколку наврати на годишно ниво. На тендерот избрана е компанијата „Плант Медика“.
Претходно, општината одвои средства и за три авиозапрашувања против комарци кои се спроведоа во јуни, јули и август. Во одделна јавна набавка согласно, договорот за авионско третирање на територијата на општина Куманово склучен на 8 јуни годинава, со избрана фирма на јавна набавка „Бониер“ Куманово, за авиозапрашувања од општинскиот буџет беа одвоени се 1.416.000 денари.
Со дезинсекцијата се опфаќаа површини од по 1.000 хектари.
МИА