Дали Facebook и Instagram наскоро ќе станат една апликација?

Сподели со своите пријатели

Корисниците на Инстаграм веќе некое време можат да ги споделуваат своите приказни (Stories) на нивниот Фејсбук профил, а двете социјални интернет платформи направија уште еден чекор кон спојување.

Loading...

Корисниците на Фејсбук сега можат да ги видат и приказните на своите пријатлеи од Инстаграм. Новата опција е сè уште во фаза на тестирање, така што во моментов е достапна само за мал број луѓе.

Ако, сепак, се покаже корисно, тоа би можело да стане достапно за секого, пишува Engadget. Ќе можете да ги разликувате приказните на Инстаграм и Фејсбук, така што приказните на Фејсбук ќе имаат сина, а од Инстаграм портокалова рамка.

Кога станува збор за приватноста, само оние кои можат да ја видат вашата приказна на Инстаграм ќе можат да го сторат тоа од Фејсбук, но прво ќе треба да ја активираат оваа опција. Оние што не ве следат на Инстаграм нема да можат да ги видат приказните.

Leave a Reply