Богдан Душановски од Куманово е еден од среќните добитници на месечната награда од 20.000 денари преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.
Извлечени се 15 добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра , на јавно извлекување коешто се одржа во саботата вечер на Канал 5.
Станува збор за Павлинка Николова од Штип, Милна Робева од Скопје, Дејанчо Малинов од Пробиштип, Мерсиме Бајрами од Скопје, Доне Чамевски од Кавадарци, Милена Чалмова од Битола, Гордана Каневче од Битола, Трајче Панов од Струмица, Дарко Кољозов од Скопје, Богдан Душановски од Куманово, Марина Бојковска од Битола, Виолета Кљанкова од Струмица, Љиљана Крстова од Кочани, Даниела Мишевска од Скопје и Анета Лазареска од Кичево.