Шест локации во Куманово денеска ќе бидат без вода, поради дефекти во дистрибутивната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Егејска Македонија“, булеварот „Трета МУБ“ од бр. 67 до бр. 71, улица „400“ во населбата Јане Сандански, како и улиците „Јоско Илиевски“, „Киро Фетак“ и „Бранко Богдански Гуцман“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на санирање на дефектите.
Никола Ивановски