Автомобил марка БМВ управуван од 31-годишниот Ф. Д. од Куманово вчеравечер околу 22:30 часот се преврте на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.
Loading...
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, лицето движејќи се од населбата Ѓорче Петров кон центарот на градот изгубило контрола над возилото со кумановски регистарски ознаки, при што се превртело.
Причинета е само материјална штета, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Никола Ивановски