Две босански засилувања за ЖРК Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Хана Бечировиќ и Амела Џамкиќ од Босна и Херцеговина се двете нови засилувања на Женскиот ракометен клуб Куманово.

Денеска двете ги потпишаа договорите со клубот и се очекува да бидат одлично засилување за претстојната сезона во која Куманово атакува на „двојна круна“.

Бечировиќ игра на позицијата среден и лев бек, а Џакмиќ на пикерската позиција.

Претходно договорите со Куманово ги продолжија капитенот Александра Боризовска и десниот бек Бранкица Марковиќ.

Никола Ивановски

Leave a Reply