Улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово утре ќе биде затворена за сообраќај поради изведување на градежни активности.
Loading...
Прекинот на сообраќајот ќе се одвива во период од 06:00 до 14:00 часот.
– Ќе се работи на градежни работи и асфалтирање на направен премин за атмосферска канализација на крстосница со улиците „11 Октомври” и „Христијан Тодоровски Карпош”, како и на самата улица „Христијан Тодоровски Карпош“. Поради тоа улицата во овој период ќе биде затворена за сообраќај, информираат од Општина Куманово.
Никола Ивановски