Реномираната актерка Шенка Колозова ќе биде првата добитничка на наградата „Васил Иљоски“ која ќе ѝ ја додели Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Loading...
Како што информираат од установата, станува збор за награда за особен придонес во културата и актерската игра од областа на комедиографијата.
Наградата на Колозова ќе ѝ биде доделена на овогодинешното издание на театарскиот фестивал Денови на комедија.
Својот работен век Колозова покрај во штипскиот и скопскиот, го минува и во Театар Куманово. Во сите овие три институции, таа има играно во над 6.000 претстави.
Никола Ивановски
Loading...