Словенија лансираше сателит во вселената (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Словенечкиот министер за економски развој и технологија Здравко Пожавалшек на Твитер напиша дека Словенија ги лансирала сателитите Немо ХД и Трисат.

Loading...

Лансирањето на словенечките сателити го поздрави и претседателот Борут Пахор, пренесува агенцијата СТА.

Словенечките сателити беа лансирани како дел од програмата Small Spacecraft Mission Service, што овозможува истовремено лансирање на бројни мали и наносателити.

Словенечкиот сателит Немо HD треба да се наоѓа на надморска височина од приближно 515 километри од Земјата, а неговата главна задача ќе биде интерактивно да ја набљудува нашата планета благодарение на мултиспектралната камера и видео камерата со висока резолуција.

Наносателитот Трисат, со своите пет килограми, би требало да орбитира на надморска височина од околу 530 километри и првенствено е наменет за тестирање на издржливоста на новата вселенска електроника, а исто така ќе го следи загадувањето на површината на морето, ќе открие фокуси на пожар и ќе забележи нивоа на вулканска прашина во атмосферата.

Директорот на Arianespace, кој го изврши самото лансирање, Стефан Исраел, го потврди успешното лансирање на ракетата, додавајќи дека Small Spacecraft Mission Service (ССМС) е првиот чекор на растечкиот пазар за мали сателити.

 

Loading...

Leave a Reply