Австрија ќе ги казнува интернет платформите кои не реагираат на говорот на омраза!

Сподели со своите пријатели

Австрија планира да ги принуди големите интернет платформи како Фејсбук и Гугл за неколку дена да избришат нелегална содржина под закана од парична казна до 10 милиони евра, објави во четвртокот владата во Виена.

Loading...

Австрискиот закон за говор на омраза на интернет, на кој се работи во моментов, ќе се однесува на платформите кои имаат повеќе од 100.000 корисници и годишни приходи од над 500.000 евра, објави министерката за правда, Алма Задиќ.

Таа додаде дека законот ќе им даде можност на жртвите на навреди и злоупотреби на интернет да ги пријавуваат на брз и евтин начин.

„Интернетот не е простор на беззаконие. Нашето владеење на правото важи и за интернетот”, рече Задиќ.

Задиќ, првата имигрантка што стана министер во Австрија, каде побегнала со своите родители пред војната во БиХ, кога имала десет години, и самата е жртва на навредливи пораки, добила околу 25.000, откри неодамна.

Овие пораки ги добила од преземањето на функцијата во јануари и тие се претежно сексистички, антиимигрантски или антимуслимански по природа, иако Задиќ не е муслиманка.

Платформите ќе треба да воспостават системи за известување за говор на омраза до кои лесно може да се пристапи, да назначат лице за контакт за корисниците и да пријавуваат поплаки примени еднаш годишно, се вели во законот.

Содржината што е експлицитно криминална природа ќе треба да се избрише во рок од 24 часа по претставката, а другата незаконска содржина во рок од седум дена.

Loading...

Загриженоста за говорот на омраза расте во целиот свет во последните неколку години.

Германскиот закон усвоен во 2018 година досега имаше ограничено влијание, а Берлин повика на посилна акција на Европската унија по ова прашање.

Leave a Reply