Делови на Куманово денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Во текот на денот и утре делови на Куманово привремено ќе останат без електрична енергија.

Loading...

Денеска во период од 08:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето ќе има на дел од улиците „Ѓуро Ѓаковиќ“ и „Бајрам Шабани“.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, прекини се најавени и за утре и тоа во период од 09:00 до 11:00 часот на дел од булеварот „Октомриска револуција“, делот кај Табакана и улицата „25 Февруари).

Во пеирод од 12:00 до 14:00 часот утре прекини ќе има на дел од улиците „Димитар Влахов“, „Иво Лола Рибар“, „29 Ноември“, „Солунска“ и „Стојан Сликар“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Leave a Reply