На градскиот плоштад во Куманово изминатите два вечери се одржа 16то издание на Тамбурашкиот фестивал.

За разлика од претходните години, кога овој фестивал имаше меѓународен карактер, годинава поради кризата со коронавирусот и затворените граници, на фестивалот настапија само домашни изведувачи.

Првата вечер настапија Табиет, Боеми и Синтезис, додека на втората вечер, пред кумановци се претставија групата „На здравје“ и „Љубојна“.

Организатор на настантот се Фондацијата за култура и спорт, а со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и Министерството за култура.

Настанот се одржа под сите протоколи за заштита од ширење на коронавирусот.

