Времето денеска во државата ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Во Куманово и околината денеска ќе биде сончево и топло со максимална температура до 32 степени целзиусови.
Утре исто така ќе имаме сончево време, а дневниот максимум ќе биде за еден степен повисок од денешниот.
Иста метео прогноза ќе имаме и во недела, а топлото време ќе се задржи и на почетокот на новата работна недела.
Loading...
Никола Ивановски