Кривична за 24-годишен кумановец поради поседување марихуана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец заработи кривична пријава, откако пред два месеци полицијата му пронашла марихуана.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супатанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 26.06.2020 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, каде биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.

Никола Ивановски

Leave a Reply